Поштата во Шуто Оризари има голем потенцијал и ќе им понуди можност на жителите за извршување на сите плаќања, изјави генералниот директор на АД Пошта на Република Македонија Јани Макрадули по работната посета на поштенската единица во Шуто Оризари.
Макрадули по посетата на поштата, заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, рече дека лошите услови во околината на просторијата во која што се наоѓа објекото ќе бидат надминати со поддршка на Општината, а за безбедноста на поштата која во минатото беше цел на неколку криминални дејствија ќе придонесат напорите на МВР кое отвори полициска станица во општината.
– Мислам дека оваа синергија денеска што ја демонстриравме ние со институциите ќе дадат една поинаква слика, односно ќе ја отвориме поштата, во рамките на нашите активности што ги имаме за враќање на пошта кон граѓаните каде што правиме анализа на сите објкети што постојат и оценката е дека има објекти што не се толку порфитабилни, има објекти коишто не го остваруваат она што треба, а ова е пошта каде што има огромен потенцијал. Сакам да нагласам дека ова е единственото место каде што со помош на нашите партнери од Халкбанка единствено можете да направите во Шуто Оризари платен промет и тоа апелирам до граѓаните да го искористат, да не патуваат надвор од општината, туку сите активности или сите финансиски обврски што ги имаат во рамки на плаќање на некои сметки да можат да ги завршат овде во пошта. Затоа ние дополнително на активностите и на општината и на МВР ќе учествуваме и ќе помогнеме да се подобрат условите внатре во поштата и навистина ќе биде она што и заслужуваат граѓаните сервис и прва рака за остварување на нивните потреби, рече Макрадули
Градоналланикот Курто Дудуш истакна дека доближувањето на услугите на граѓаноте е врвен приоритет на Општина Шуто Оризари во изминатите четири години, а во таа насока е зголемување на услугите кои ќе се нудат од подрачната пошта во насока на намалување на времето, но и трошоците на граѓаните кои досега за вршење на своите обврски во финансиските институции одеа во соседните општини.
– Нашата цел е и понатаму да продолжиме да создаваме услови преку донесените детални урбанистички планови за централното подрачје на општината да овозможиме услови нинвите инвеститори да планираат деловни простори во кои услуги ќе даваат што повеќе финансиски институции мобилни оппратори, подрачни служби на државните институции. На овој начин не само што ќе го приближиме пристапот на граѓанте до јавните и приватните услуги, туку и ќе придонесеме и за економски развој на нашата општина, која полека, но сигурно почнува да го добива урбаниот лик кој го заслужува, вели градоначалникот Дудуш.