Меѓународната вселенска станица (ИСС) ќе добие нова лабораторија која денеска ќе ја донесе руската ракета „Протон-М" до станицата која е 400 километри над Земјата.

Ракетата треба да биде лансирана од космодромот Бајконур во Казахстан.

Протон-М носи рускиот модул „Наука", кој требаше да биде лансиран во вселената во 2007 година, но лансирањето неколку пати беше одложувано поради одредени проблеми. Мисијата треба да трае вкупно осум дена.

„Наука" е повеќенаменски модул, но првенствено е наменет за истражување. Ќе слета на рускиот дел од Меѓународната вселенска станица, соопшти вселенската агенција Роскосмос, додавајќи дека ќе служи и како кабина на екипажот со сопствен систем за одржување на живот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/07/2021 13:47