Вооружените сили на Украина спроведоа вежби на границата со Крим користејќи ракетни системи „Бук“, соопшти украинското Министерство за одбрана.

– Како дел од тактичките вежби на единиците за противвоздушна одбрана, се одржаа вежби на борбените единици на противвоздушните системи“ Бук“ за одбивање на воздушен напад на симулиран непријател, се наведува во соопштението.

Армијата не соопшти други детали.

На видеото објавено на Фејсбук страницата на украинското Министерство се гледа дека во вежбите учествувале најмалку три системи „Бук“.

Украинската армија редовно спроведува воени вежби на границата со Крим.

Русија го анектираше Крим во март 2014 година, по референдум одржан по пучот во Киев.

За обединување со Русија гласаа 96,77 проценти од гласачите на Република Крим и 95,6 проценти од гласачите на Севастопол. Украина сè уште го смета Крим за своја привремено окупирана територија. Според рускиот претседател Владимир Путин, прашањето за Крим е затворено.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/07/2021 14:10