Деновиве во внатрешниот дел на објектот „Чекорче“ на градинката „Срничка“ се изведуваат реконструктивни зафати.

Станува збор за замена на стариот дотраен под со нов современ антибактериски ПВЦ-под. Исто така, се обновува и надворешноста, односно фасадата, која ги задоволува сите стандарди на енергетска ефикасност.

„Како општина, обезбедуваме подобри и попријатни услови за престој на децата во градинките. Со овие зафати, објектите во Аеродром со право го носат епитетот на современи функционални градинки“, изјави градоначалникот Марин.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/07/2021 16:02