Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Центар и Сарај.

Како што соопшти РЦУК, без струја утре во периодот од 9:00 до 10:00 часот ќе бидат корисниците од дел улицата „Ацо Караманов" броевите 16 и 20 во општина Центар, а во периодот од 9:00 до 12:00 часот, корисниците од дел на улиците „Лазар Личеновски", „Скупи", „Самоилова", бул. „Никола Карев и други околни улици, исто така, во општина Центар.

Во периодот пак од 8:00 до 14:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од село Крушопек, објектите околу базенот „Сарај" и општината Сарај.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2021 12:08