По налог на Општина Центар започна отстранувањето на доградбата на кафе-барот „Правда” на улица „Мирослав Крлежа”. По направениот увид, констатирано е дека инвеститорот не поседува одобрение за доградба на објект, како и решение за поставување градби. Доградбата е изградена од целосно застаклена метална конструкција, како и платформата што е покриена со штици.
– Упатувам апел до сите инвеститори, кои имаат добиено решенија, самостојно да ги отстранат нелегално изградените објекти. Во спротивно, Општината ќе пристапи кон присилно административно извршување. И наредниот период Секторот за инспекциски работи на Општина Центар ќе продолжи со контролите и со инспекциските надзори, изјави градоначалникот Богдановиќ.
Во согласност со Буџетот на Општина Центар, за 2021 година се планирани 12 милиони денари за уривање на бесправно изградени објекти