Издавачката куќа „Феникс“, Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ и Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност-ИНАКУ организираат конкурс за првиот Меѓународен фестивал на кратки книжевни форми, кој ќе трае од 1 август до 1 октомври 2021.

– Фестивалот ќе се одржи физички и онлајн во чест на 13 Ноември – Денот на град Скопје. Може да учествуваат сите автори од земјава и од странство со по една своја творба (поезија, проза, критика, есеј, драма) која не смее да биде подолга од една страница текст. Книжевните творби потпишани со цело име и презиме, кратка биографија и фотографија од авторот, треба да се праќаат на: info@feniks.net.mk, со напомена: За Конкурсот за кратки книжевни форми, соопштија организаторите.

Во сите пет категории (поезија, проза, критика, есеј и драма) ќе бидат избрани најдобрите автори и творби и ќе бидат наградени. Најдобрите творби потоа ќе бидат и објавени во посебно издание на кратки книжевни форми.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2021 13:05