Во Домот на култура „Илинден“ се одржа традиционалната крводарителска акција.
Акцијата се одржа по повод одбележувањето на државниот празник 2 Август – Илинден и Денот на Општина Илинден.
Како што информира Општина Илинден, крв даруваа голем број крводарители со што жителите на Општина Илинден уште еднаш ја покажаа хуманоста и солидарноста на дело преку дарувањето крв за да спасат нечиј живот.
– Крвта е незаменлив лек, секојдневно потребна за да се продолжат многу животи. Потврда за успешноста на крводарителската акција е и податокот што таа се одржува во период на спроведување на вакцинација за заштита од Ковид-19, и во летниот период кога поголемиот дел од граѓаните користат годишни одмори, се наведува во соопштението. мд/са/