На 27.07.2021 во 16.30 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар, врз основа на судска наредба, го привеле Ф.Н.(23) од Гостивар за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 236 и член 131 од Кривичниот законик.
Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор - Тетово за издржување на казната.