ЕВР Карпош поднесе кривична пријава против И.А.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 19.05.2021, додека пријавениот бил на работното место на ул.„Варшавска“ во Скопје, своеволно и без дозвола од работодавачот од благајната на видео лотариските терминали одзел од 90.000 денари.

Подоцна, по пристигнување на менаџерот, заедно ги преброиле парите и бил констатиран кусок, по што му било побарано да ги врати парите, но тој не го сторил тоа.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2021 01:06