Денеска (29.07.2021) во 00.35 часот од полициски службеници од ОВР Кичево бил лишен од слобода Д.А.(38) од с.Гарани, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Имено, во текот на вечерта 28/29.07.2021, по добиена наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кичево, извршен е претрес во дом и други простории кај Д.А. во с.Гарани. При претресот се пронајдени и одземени стебла од канабис сатива, марихуана, предмети со остатоци од прашкаста материја, ловен патрон, ќеса со кафеава грутчеста материја.

Д.А. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2021 13:28