Општина Бутел во aвгуст ќе отпочне да ја гради новата детска градинка „Свети Климент Охридски“ која е во рамките на постоечката јавна образовна институција – детски градинки „11 Октомври“.

-За изградба на новиот објект за деца од предучилишна возраст средствата ги обезбедивме од ТАВ –програмата за инфраструктурни проекти, а секако дека ќе аплицираме и до Министерството за труд и социјална политика за да ни помогне во уредување на внатрешниот ентериер на новата детска градинка во нашата општина- информираат од Општина Бутел.

Новата градинка ќе се гради на 400 метри квадратни во дворот на ООУ„Св. Климент Охридски“ и ќе биде со капацитет за околу 90 дечиња. Рокот на изградба е предвиден до 31.09.2022 година.

Во изминатитиве 4 години општина Бутел инвестираше вкупно 32.000 милиони денари во реконструкција и санација на детските градинки како и набавка на нагледни средства.

Подобрувањето на материјално техничките услови во детските градинки резултира со зголемено задоволство кај родителите како и кај децата.

Од општина Бутел велат дека и во иднина ќе продолжат со грижата за најмладите.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2021 16:38