СВР Охрид поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство во Кичево против Д.А.(38) од село Гарни, Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информира Министерството за внатрешни работи.

Според податоците на МВР, денеска во 0:35 часот, Д.А. бил лишен од слобода од полициски службеници од ОВР Кичево, откако во текот на вечерта на 28 јули по добиена наредба од судија од Основен суд Кичево е извршен претрес во домот и други простории кај Д.А.

При претресот се пронајдени околу 600 грама хериоин, стебла од канабис и други предмети.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2021 22:39