На 30.08.2021 во 06.45 часот, од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-ОКР Кисела вода, Отсек за потраги, во содејство со Специјалната антитерористичка единица, во угостителски објект во с.Арачиново, лишен е од слобода С.Ј.(43) од с.Арачиново. С.Ј. се барал по распишана меѓународна потерница и наредба издадена од Казнено-поправната установа Идризово, за доиздржување на казна затвор од 3 години 5 месеци и 8 дена.
Тој бил осуден на затворска казна од вкупно 6 години и 6 месеци за меѓународна недозволена трговија со наркотици, во врска со чл.215 ст.3 од Кривичниот законик. С.Ј. ќе биде предаден во Казнено-поправната установа Идризово за доиздржување на казната.