Министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Грвала денеска присуствуваше на откривање на таблата на улицата „Јусуф Грвала”, именувана по нејзиниот татко, на влезот на Старата скопска чаршија.

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, како домаќин на настанот изјави дека Јусуф Грвала, освен што беше патриот, исто беше човек на пишувањето, културата.

Коосвската министерка Грвала во изјава пред новинари посочи дека се чуствуваа многу привилигирана и почестена, воедно и со емоции во однос на фактот дека во градот Скопје, една улица ќе биде со името на Јусуф Грвала.

– Овој град има голема улога во животот на Јусуф Грвала, првите чекори во новинарство ги има направено во Скопје, во весникот „Флака е влазеримит“. Тука имаме многу семејни врски, мојата мајка е од Скопје. Именувањето на една улица со името на Јусуф Грвала е значајно не само за нашето семејство, туку и за сите нас, затоа што овој град е многу скапоцен за да се заборави културолошкиот придонес, рече Грвала.

Откривањето на таблата со новото име на улицата „Јусуф Грвала” беше и повод на министерката Грвала да прошета низ Старата скопска чаршија.

Интелектуалецот Јусуф Грвала, заедно со неговиот брат Бардош и Кадри Зека, се убиени при во 1982 во Германија.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2021 13:41