СВР Скопје – Полициска станица Центар ја расчисти кражбата што на 25.07.2021 била извршена над А.Г.(47) од Романија, при што била одземена поголема количина златен накит.

Во врска со кражбата, извршен е службен разговор со А.И.(63) од Скопје и кај него биле пронајдени дел од украдените предмети, кои биле вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2021 14:12