Порториканскиот поп-пејач Рики Мартин за магазинот „Вог“ покажа какви производи користи за нега на кожата на лицето. Почнал со ова кога имал само 12 години, а му требало долго време за да ја открие рутината што најмногу му одговара.

– Кога ќе влезете во пубертет, вашата кожа едноставно „полудува”. Тогаш морав и да се шминкам, што дополнително ја влоши состојбата. Навистина имав многу проблеми. На крајот морав и попосветено да се грижам за себе, вели Мартин .

Сега 50-годшниот пејач користи алкална вода, влошки кои ги намалуваат подочниците, хидратантна крема и коцки мраз кои ја подобруваат циркулацијата на крвта во лицето.

– Нанесете спреј од морска сол на врвовите на косата… Одам на турнеја со Енрике Иглесијас во септември. Ќе ми требаат 20 шишиња од овој спреј. Или – куфер, подобро кажано!, вели Рики.

Според него, кога прво се грижиш за себе, тогаш потоа може да се грижиш и за сѐ друго. – Секогаш ставај се себеси на прво место!, нагласува на крајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2021 14:55