Вчера (30.07.) од 14 до 20 часот полициски службеници од СВР Велес спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Велес, при што санкционирани се 53 возачи.
Од нив, тројца возеле со дури над 50 километри на час над дозволеното.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.