Со СДСМ на власт, илјадници граѓани секогаш завршуваат на улица без работа.

Кога СДСМ доаѓа на власт во Македонија настапува сиромаштија, затворени фирми и беда.

Со СДСМ и Заев над 60.000 граѓани останаа без работни места, над 6.200 фирми се затворија, а повеќе од половина милион граѓани живеат под прагот на сиромаштијата.

СДСМ вети живот, а донесе пустош.

Предизборните мерки кои сега ги промовира СДСМ нема да го спасат од катастрофален пораз, бидејќи граѓаните ќе го казнат како никогаш до сега.

Граѓаните не забораваат дека со СДСМ на власт капиталните инвестиции потфрлаат со бедна реализација од околу 20% за половина година. А, за сметка на тоа, секојдневно граѓаните читаат за нови партиски вработувања во државната администрација и небулозни јавни набавки за ќеифот на функционерите од власта.

Овие четири години власт на Заев се четири украдени години во кои народот се осиромашува, а власта се богати и краде.

Време е да го спречиме осиромашувањето на народот и Македонија, оваа власт на Заев мора да биде поразена.

Концептот „Македонија за сите луѓе“ ќе го порази концептот на Заев базиран на корупција, криминал и уништување на македонската економија.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2021 12:45