Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 113 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, 10 за возење без возачка дозвола, седум за управување возило под дејство на алкохол, четири за користење мобилен телефон за време за возење, четири прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.