Министерството за здравство информира информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 5.315 тестирања, а регистрирани се 81 нови случаи на Ковид-19. Не се регистрирани починати пациенти, а оздавеле 12 лица.

Од новозаразените, од Скопје се 27, Тетово – 25, Куманово – 9, Гостивар – 7, Кавадарци, Кичево, Дебар и Пехчево – по 2, Битола, Струмица, Струга, Берово и Валандово – по 1.

Од оздравените 12 пациенти, од Тетово се 5, Скопје – 3, Куманово – 2, Гостивар и Прилеп – по 1.

Направени се 5.315 тестови преку: ИЈЗ-93, ЦЈЗ Скопје-35, ЦЈЗ Битола-107, ЦЈЗ Прилеп-37, ЦЈЗ Тетово–39, ЦЈЗ Куманово–32, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-5, Институт за микробиологија–26, Жан Митрев (Филип Втори)-77, Авицена-261, Биотек-181, Систина-84, лабораторија Лаор-572, Синлаб-78, Ремедика-21, Плодност–55, Генеа–4, Никоб лаб-1.170, ВФВ Медикал-35, Ели Медика-16, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.387.

Досега во земјата се направени вкупно 976.710 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.380 бројката на оздравени пациенти е 150.362, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 525.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Во Скопје се 171, Тетово 135, Куманово 59, Прилеп 11, Битола 18, Велес 5, Гостивар 36, Кавадарци 3, Охрид 8, Штип 5,Струмица 12 , Струга 6, Кочани 6, Кичево 15, Гевгелија 2, Неготино 0, Свети Николе 3, Ресен 0, Крива Паланка 0, Радовиш 3, Берово 2, Делчево 1, Дебар 17, Виница 0, Пробиштип 0, Валандово 5, Богданци 0, Крушево 0, Демир Хисар 0, Демир Капија 0, Кратово 0, Македонски Брод 0, Пехчево 2, Македонска Каменица 0, Дојран 0.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2021 15:24