На 30.07.2021 во 11.20 часот во Полициската станциа Гази Баба, 41-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од П.Ј. од Скопје за сума од 47.000 денари.
Според пријавеното, на 15.05.2021 таа се договорила со П.Ј да ѝ изработи мебел и да изврши градежни работи во станот во рок од еден месец, по што му ги дала парите, но до денот на пријавување тој не го реализирал договореното, по што заклучила дека е измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.