Денеска (02.08.2021) во 00.10 часот од страна на полициски службеници од Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово на автопатот Тетово –Скопје, во близина на безинска пумпа, лишени се од слобода Б.И.(38) и Ш.Б.(57), двајцата од Тетово, бидејќи кај нив бил пронајден кокаин.

По документирање на случајот против нив ќе бидат изготвени поднесоци за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, по чл. 215 од Кривичниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/08/2021 12:43