На пругата Гевгелија – Скопје, во близина на циглана кај Неготино, вчера товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, удрил во едно лице-мигрант.
– Во незгодата лицето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кавадарци, соопшти МВР.
Известен бил Јавен обвинител и извршен увид од увидна екипа од Полициската станица Неготино.