На 03.08.2021 во 11.50 часот на ул.„Ѓурчин Кокале“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода и ЕВР Чаир, врз основа на судска наредба, ја лишиле од слобода Л.Н.(50) од Скопје, по распишана централна потерница, за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик.
Во 12.10 часот лицето било предадено во Полициската станица Ѓорче Петров за за спровод во Казнено-поправната установа Затвор - Идризово.