На ул.„Ѓурчин Кокале“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода и ЕВР Чаир, денеска во 11.50 часот врз основа на судска наредба, ја лишиле од слобода Л.Н.(50) од Скопје, по распишана централна потерница, за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик.

– Во 12.10 часот лицето било предадено во Полициската станица Ѓорче Петров за спроведување во Казнено-поправната установа Затвор – Идризово, соопштија од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2021 18:30