Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Велес, на возраст од 41 година, поради обид за лишување од живот при што веднаш заминал од местото на настанот.
Како што информираат од Основно Јавно Обвинителството – Скопје, обидот за убиство бил поради невратен долг од 3.500 денари.
– Осомничениот, на 31 јули, со умисла се обидел да го лиши од живот оштетениот – негов роднина. Тој отишол во дворот од куќата на оштетениот и помеѓу нив настанала вербална расправија околу нерасчистени должничко-доверителски односи, поради невратен долг од 3.500 денари. Притоа осомничениот го повикал оштетениот да дојде до неговиот автомобил паркиран на блиската улица. Од автомобилот извадил дрвена рачка за секира и со неа неколку пати го удрил оштетениот во пределот на главата, стои во соопштението од ОЈО
Се дополнува дека од задобиените удари оштетениот паднал на земја. Му била нанесена тешка телесна повреда изразена во нагмечување на главата, крварење и крвен подлив под тврдата мозочна ципа и мозочна кома.
Осомничениот се товари за кривично дело – Убиство во обид, а поради постоење на околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоците и со тоа да ја попречува истражната постапка и опасност дека ќе го повтори или доврши кривичното дело, јавниот обвинител до Основнито суд Велес доставил предлог против осомничениот да се определи мерката притвор.
Како што информираат од Обвинителството, судијата на претходна постапка на Основен суд Велес го прифатил овој предлог и определил мерка притвор во траење од 30 дена.