Советот за безбедност на ОН денеска повика на итен прекин на насилството во Авганистан. Во соопштение Советот за безбедност на ОН изразува длабока загриженост поради бранот насилство и офанзивата на талибанците, но и поради извештаите за сериозни прекршувања на човековите права во заедниците погодени од војната, јави Тасс.

Советот за безбедност на ОН ги повика авганистанските власти и талибанците да се вклучат во „осмислен, целосно авганистански, инклузивен мировен процес, за во што покус рок се постигне политички договор и дојде до прекин на вооружениот конфликт“.

Советот за безбедност на ОН, исто така, се изјасни против обновувањето на Исламските Емирати на Авганистан, воспоставени од талибанците во периодот од 1996 до 2001 година.

Советот за безбедност во соопштението нагласува дека нема воено решение за конфликтот во Авганистан.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2021 11:41