Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 78 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, пет за возење под дејство на алкохол.

Изречени се четири мерки за некористење сигурносен појас, девет за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2021 12:19