Во текот на вчерашниот ден (03.08.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 98 возачи, од кои 30 биле исклучени од сообраќај.
Од нив, 62 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 21 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.