Илјадници професори и наставници, кои ги игнорираа предупредувањата на државните здравствени власти за опасноста од ширење на пандемијата со коронавирусот, денеска пристигнаа во главниот град на Шри Ланка, Коломбо, во знак на протест против висината на нивните плати, соопшти полицијата, пренесе ДПА.

Професорите пристигнуваа во Коломбо од различни делови на земјата со автобуси, автомобили и мотоцикли со црни знамиња, скандираа антивладини пароли и носеа транспаренти.

Во последните три недели тие оддржаа неколку помали демонстрации, барајќи од владата да го реши прашањето за неконзистентноста на нивните плати.

Во текот на изминатите неколку дена пропаднаа неколкуте рунди разговори со премиерката Махинда Рајапакса, министерот за образование ГЛ Пеирис и други функционери, откако владата соопшти дека и се потребни 56 милијарди рупии (280 милиони долари) за да им го овозможи покачувањето на платите, пренесе ДПА.

-Владата во моментов нема пари, но нивното барање ќе биде разгледано со следниот буџет што треба да се донесе во ноември, изјави Пеирис.

Професорите во државните училишта во земјата престанаа да одржуваат часови преку Интернет. ваквиот онлајн систем беше воведен за да се продолжи со настава, бидејќи училиштата беа затворни од септември поради пандемијата на коронавирусот.

Здравствените власти и полицијата предупредија да не се организраат јавни собири со оглед на зголемувањето на бројот на случаи на Ковид-19.

Шри Ланка има повеќе од 250.000 професори и наставници, а ученичката и студентска популација изнесува 4,4 милиони, додава ДПА.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2021 15:50