Денеска (04.08.2021), полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.С. од с.Опае, општина Липково, а по претходно објавена видео снимка на социјалните мрежи од пукање од оружје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Екол“ со 22 куршуми и ловечка пушка „Застава“, за кои не поседувал дозвола. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2021 19:48