Охридската полиција со цел поефикасна превенција, рано предупредување и спречување пожари на отворен простор и во шумски предели, на целото подрачје реализира работни средби со претставници на Противпожарните единици, на Шумската полиција и подрачните единици на министерството за земјоделство и шумарство, на јавните претпријатија „Национални шуми“, надлежни државни инспекторати, раководителите на Дирекциите за заштита и спасување и Центрите за управување со кризи и на претставници од службите во локалните самоуправи.

СВР Охрид ќе ги вклучи сите расположливи капацитети и опрема што наменски може да се користи за контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, како и да одговори на потребите во случаи на локализирање на евентуално настанат пожар од поголем обем.

-Во соработка со територијалната противпожарна единица, ЦУК, ЈП „Национални шуми“, Националните паркови, шумската и граничната полиција, АРМ, органите на локалната самоуправа, Црвениот крст и другите надлежни субјекти и институции, ќе се следи состојбата на подрачјето во врска со пожарите и ќе се преземаат предвидени мерки за заштита, но и навремено забележување и информирање за настанат пожар до сите останати релевантни субјекти, за координирано преземање на натамошни мерки и нивно навремено локализирање, велат од СВР Охрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2021 20:53