Жителите на скопското село Кучково преку апел до медиуми бараат помош, за како што велат нивната хаотична ситуција бидејќи од април месец немаат вода.
- Сред лето на +40 степени кога низ државата има страшни пожари ние во Кучково немаме капка вода.
Ова е сериозен проблем со кој се соочуваме, секој ден се жалиме во општина ама не ни одговараат, а последниот пат не избркаа од општина.
Тука живееме и има над 200 куќи.
Затоа ве замолуваме кога ќе имате време да дојдете во Кучково и да снимите прилог. Немаме друго решение бидејќи само уште вашата помош ни остана.
Тоа ни е последна надеж, велат разочарано граѓаните.