СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.С.(58), вработен во Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта – Скопје, поради постоење основи нa сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“.
Во 2018 година, пријавениот се сретнал со две лица и им ветил дека може да им помогне да земат долгорочен закуп земјоделско земјиште во државна сопственост во регион Тетово со површина од 3.062 метри квадратни.
Притоа, тој побарал и добил од нив 306.000 денари за да помогне околу целокупната документација, односно добивање дозвола од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Бидејќи до 2020 година не била завршена постапката, оштетените се откажале и му ги побарале назад парите, но до пријавување Г.С. не им ги вратил парите