Гостиварец е приведен за агресевно однесување и обид за напад врз полицајци кои биле на должност.

Од СВР Тетово информриаат дека вчера вечер (04.08.2021) околу 20.00 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај местото викано „Јефута“, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Г.Р. (49) од Гостивар.

Приведувањето следело откако се однесувал агресивно и се обидел физички и со тврд предмет да нападне полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од СВР Тетово.

Тој бил задржан и по целосно расчистување на случајот против гостиварецот Г. Р. ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2021 16:07