На 05.08.2021 во 13.50 часот инспектори од Единицата за внатрешни работи Кисела Вода-Отсек потраги на ул.„Ѓорѓи Капчев" го лишиле од слобода И.Т.(50) од Скопје.
За него биле распишани централна потерница и наредба од Основниот кривичен суд Скопје за издржување затворска казна вв чл.130 ст.2 од Кривичниот законик.
Лицето е предадено во Полициска станица Аеродром по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа.