Пронајдени и одземени над 100 грама кокаин и пакување хашиш кај наплатна рампа Желино, при што полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Тетово ги лишеле од слобода А.К.(28), државјанин на Р.Словенија и А.Р.(42) од Тетово.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи при преглед извршен во патничко возило „ланчиа“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.К., каде како совозач бил А.Р., биле пронајдени и одземени над 100 грама кокаин и пакување хашиш
-Извршен е увид на лице место од страна на кримтехника при СВР Тетово, а двете лица се приведени во полициска станица и во координација со Јавен обвинител против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик, стои во сооштението од Министерството.