Во текот на вчерашниот ден (05.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 173 возачи.

Од нив, осум возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 87 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 86 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2021 15:06