Стара вавилонска плочка, најверојатно употребувана за геодезија и мапирање, ја користела „Питагорината теорема“ најмалку 1.000 години пред Питагора да ја открие.

Древната плочка ги тера научниците да ја преиспитаат староста на знаењето околу математиката и применетата геометрија во античкиот свет. Австралиските истражувачи велат дека нивното откритие докажува дека „старото вавилонско општество достигнало одредено ниво на математичка софистицираност“ уште во второто илјадалетие пр.н.е.

Познат како Си.427, артефактот претставува геометриски план со границите на тамошните земјишта.

Плочката датира од времето меѓу 1900 и 1600 година пр.н.е., а била откриена кон крајот на 19 век за време на ископувања во Месопотамија, денешен Ирак. Таа потоа е изложена во Истанбулскиот археолошки музеј во Турција.

Д-р Даниел Менсфилд од Универзитетот во Нов Јужен Велс, и Норман Вилдбергер, вонреден професор на престижниот австралиски универзитет, претходно идентификуваа уште една вавилонска табла што ја содржи најстарата (и точна) тригонометриска табела во светот. Во тоа време, тие посочуваа дека имала практична корист – веројатно при мапирање или изградба.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2021 15:19