Во врска со пожарот за кој на 05.08.2021 околу 16.30 часот беше пријавено дека настана во кругот на фабрика на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје, во кој беа опожарени покривот и таванот на административната зграда, кат од зградата на лабораторијата, трафостаница, багер, резервоар за вода и магацин за алат, сите во сопственост на правно лице, по ивршениот увид, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, на службен разговор во полициска станица беа повикани повеќе лица.

По преземените активности е утврдено дека С.А.(35) од Кавадарци, околу 16.00 часот, додека вршел заварување на ограда во кругот на фабриката, предизвикал пожар.

По целосно документирање на случајот против С.А. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“, казниво по член 288 од Кривичниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2021 12:42