Во текот на вчерашниот ден (06.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 259 возачи.

Од нив, четири возилa се движелe со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 со брзина над 50 километри на час над дозволеното. Притоа, 117 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 142 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2021 13:49