Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 161 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, 12 за возење без возачка дозвола, три за возење под дејство на алкохол.
Изречени се три мерки за користење на мобилен телефон, една за нерегистрирано возило, 17 за прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли...
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.