Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик, како и за „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ од член 383 став 2 во врска со став 1.

На 5 август, како што соопшти Јанвото обвинителство, осомничениот од Скопје набавил наркотична дрога и се качил во такси возило со кое се упатил кон Гостивар со намера таму да ја препродаде.

Во автомобилот дрогата ја држел во ќеса меѓу нозете на совозачкото седиште. Полициски службеници го запреле возилото и при прегледот пронашле 199,6 грама марихуана и 2,37 грама кокаин. При обидот да ја одземат дрогата и да го лишат од слобода, осомничениот дал активен отпор, ги нападнал и удрил двајцата полициски службеници, нанесувајќи им телесни повреди. Јавниот обвинител со судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, стои во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2021 15:04