Денеска (07.08.2021) во периодот од 07.00 до 12.00 часот беше спроведена зајакната акциска контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

При контролата биле санкционирани 32 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената во населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2021 15:16