Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода А. И.(19) од Скопје, затоа што околу 17.45 часот на улицза „1612“ со употреба на сила одзел златен накит од Т.Т.(46) од Скопје.
Украдените предмети биле вратени на оштетената, а тој бил приведен во Полициската станица Аеродром и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.