Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 71 санкција, 14 за возење без возачка дозвола, осум за возење под дејство на алкохол.

Изречени се две мерки за користење на мобилен телефон, три за нерегистрирани возила, 11 за прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли...

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2021 14:45