Во периодот од 18.00 часо на 07.08.2021 до 02.00 часот на 08.08.2021 од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во соработка со Полициското одделение за сообраќајно-ескортно обезбедување, спроведена е зајакната акциска контрола на подрачјето на Скопје за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

При контролата санкционирани се 58 возачи, од кои 21 биле исклучени од сообраќај. Од нив, 27 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 17 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2021 15:09