На 07.08.2021 во 14.40 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода М.З.(30) и Е.Х.(21), двајцата од Велес.
Тие биле затекнати при извршување тешка кражба во фабрика во Велес, односно во моментот кога се обиделе да ги стават украдените предмети во возило и да заминат.
Украдените предмети им биле одземени, а тие биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.