Без вода утре од 9 часот ќе бидат корисниците од дел од улицата „Загребска“ крак 1, 2 и 3, во Општина Центар.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, причина за прекинот на водоснабдувањето е уличниот дефект на водоводната цевка со димензија Ф – 80 мм., на улица „Загребска“ 47.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на дефектот.